Утре ја славиме Света Петка, заштитничката на жените, болните, сиромашните, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ОБИЧАИТЕ!

139

Православните верници утре го слават празникот посветен на преподобната Мајка Параскева, меѓу народот познат како Света Петка. Ова е голем празник и се верува дека Света Петка е голема светица која им помагала на болните и сиромашните и на тој ден и се испраќаат молитви за спас од неволји и проблеми.

Исто така, се смета дека ова е женски празник, па карактеристично е што жените од сите вери и нации се обраќаат кон светицата. До храмовите посветени на Света Петка често има извори на лековита вода што луѓето ја земаат со верување дека ќе им ги залечи раните и ќе ги заштити од болести.

Луѓето веруваат дека на тој ден жените не треба да месат, да готват, да шијат, да перат облека или да вршат некоја домашна работа за да не го навлечат гневот на светителката.

Според едно народно верување, ако Света Петка ви се појави на сон, тоа може да значи или награда или предупредување и повик за промена. Се верува дека Света Петка се појавува во соништата за да ви покаже дека сте на вистинскиот пат или да ве предупреди за нешто важно.

Во некои региони е обичај девојките да изедат парче славски колач и да ги чуваат трошките за во текот на ноќта да ја видат својата судбина, односно нивниот иден сопруг.

Има повеќе обичаи поврзани со овој празник – младите девојки треба да берат цвеќе и со нив да го украсуваат својот дом за во него да владее хармонија и мир во текот на целата година. Девојките треба да носат нови фустани за да имаат среќа во наредната година.