Утре и в понеделник автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

26

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува граѓаните дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, утре и в понеделник ќе се работи по неделен возен ред.

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. В понеделник, жичницата нема да биде во функција.