И покрај аерозагадувањето, на многу места низ Скопје и ширум Македонија вечерва ќе се палат традиционалните коледарски огнови.
Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
Одбележувањето на Бадник ќе почне пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на здружението на граѓани „одбор за традиционална прослава на Бадник“.
Во главниот град ќе се одржи и манифестацијата бадникови поворки, кои ќе тргнат од пред општинската зграда на Општина Кисела Вода, до пред Музејот на Град Скопје, па потоа по улицата „Македонија“, се до плоштадот каде ќе се одржи централната манифестација.
Поради тоа, МВР најавува воведеување посебен сообраќаен режим.