Утре Ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Кочани

60

По повод трагедијата во Македонија во која загинаа 59 лица, а над 155 беа повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост.

„Со голема тага ја примивме веста за трагичниот настан во Кочани, Северна Македонија. Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време, а со ова ја информираме јавноста дека понеделник, 17 март, ќе биде Ден на жалост во Црна Гора напиша на Х, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

ИЗДВОЕНИ