Возачот на Ферари, Шарл Леклер, извојува неверојатна победа на трката за Големата награда на Италија, а на патеката во Монца можеше да се види од сè по нешто, пред сè од стратешки потези, па сè до драматични моментни, но и една суспензија.

Оваа победа на Леклер му носи уште еден врвен момент во кариерата, кој го опиша како посебно искуство.

  • Првиот пат имав вакво чувство, но не мислев дека ќе се повтори. Емоциите во последните неколку круга беа исти како во 2019 година,  цело време ги гледав црвените трибини, што беше предизвик за мене. Неверојатно, Монца и Монако се патеки на кои сакам да победувам секоја година, како и на што е можно повеќе трки, а оваа година успеав да победам на двете трки во сезоната. Многу, многу посебно чувство – истакна Моначанецот.

Леклер потоа проговори и за конкуренцијата.

Како што одминува сезоната, Леклер и неговиот тим изгледаат сè подобро на патеката, што е добар знак за Луис Хамилтон, кој наредната сезона се сели во Ферари.

Од друга страна, најголем губитник на трката во Монца беше Кевин Магнусен, кој е официјално суспендиран за трката во Азербејџан, поради инцидентот со Пјер Гасли во текот на Италијанското ГП. Оваа одлука доаѓа откако дојде тој до максималните 12 казнени поени на својата суперлиценца.

Оваа казна следуваше по инцидентот со Пјер Гасли, во текот на трката во Италија. Магнусен беше дополнително казнет со десет секунди по контактот со Гасли на шиканата „Variante della Roggia“. Стјуардите оценија дека Магнусен е целосно одговорен за судирот со Гасли, што доведе до дополнителни два казнени поена.

Со тоа стигна до максималните 12 поени во период од една година.