Серхио Перез веќе со месеци е најкритикуваниот возач во Формула 1 поради резултатите кои ги остварува во најбрзиот циркус, бидејќи благодарение на него, тимот на Ред Бул е само трет во генералниот пласман на конструктори, со 49 бода помалку од лидерот Мекларен. Сето тоа се должи на лошите перформанси на Перез, кој е осми кај возачите со 242 бода помалку од лидерот и тимски колега, Макс Верстапен.

И досека Холенѓанецот сигурно чекори кон нова тирула во Ф1, на неговиот тимски колега столчето е разнишано, особено во поелсните неколку дена и изјавата на неговиот татко Антонио Перез Гарибај, кој со сите сили се обидува да го заштити својот син, но на крајно недоличен начин.

  • Постои еден возач кој беше во Формула 1, сега е новинар, кој тврдеше дека Чеко веќе го напуштил Ред Бул, а потоа во следните недели излезе од плакарот. Не знам дали бил заљубен во Чеко. Има многу чудни работи и не знаеш дали е новинар, дали е жена или маж, но неговото мислење веќе не е важно, не поради Чеко, туку поради тоа што го кажа неговата поранешна сопруга за него, истакна таткото на Перез за време на гостувањето во подкаст на „ЕСПН Рејсинг, со што шокираше многумина со својата несоодветна изјава.

Инаку, Ралф Шумахер летово јавно откри дека е геј, по што изби вистинска семејна драма во која неговата поранешна сопруга Кора Бринкман и синот Давид си разменија сериозни обвинувања. Кора, беше разочарана од својот поранешен сопруг, додека нивниот син му даде поддршка на татка си.

ИЗДВОЕНИ