Челниците на Формула 1 и Џенерал Моторс постигнаа начелен договор за влез на овој тим во светскиот шампионат во најбрзиот циркус на денешницата, но во 2026 година.
- Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
- Џенерал Моторс е голем глобален бренд и сила во светот и работи со импресивни партнери. Целосно ги поддржувам напорите на ФИА, Формула 1 и тимот да го одржат дијалогот и да работат кон овој начелен исход на договор. Сите страни, вклучително и ФИА, ќе продолжат да работат заедно за да обезбедат непречен напредок на процесот, додаде претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем.