Министерството за земјоделство, соопшти дека е последен ден од ИПАРД инфокарванот кој се реализираше во изминатите три недели при што биле одржани инфо средби со потенцијални корисници за Mерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски средства“ од ИПАРД 3 Програмата (2021-2027), низ сите региони во Македонија.
Како што наведува, тимовите од Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АПРЗЗ) и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) посетиле 29 локации и оти „таргет на инфо-караванот“ биле земјоделските региони во Новаци, Могила, Тетово, Јегуновце, Свети Николе, Велес, Карбинци, Штип, Кавадарци,Тимјаник, Прилеп, Кривогаштани, Босилово, Василево, Конче, Радовиш, Берово, Виница, Неготино (општина Врапчиште), Гостивар, Кочани, Облешево, Велешта, Мислешево, Демир Хисар, Кравари, Куманово,