Општина Карпош ќе ѝ помага на општина Кочани во делот на инспекцискиот надзор, околу собирање на приходи, при развој на комуналната инфраструктура, урбанизмот, како и во обидот да се привлечат инвеститори. – Верувам дека на Кочани сега помошта му е навистина потребна. Оваа наша средба доаѓа во вистинско време, затоа што дел од нашите колеги кои се вработени во Карпош најверојатно ќе заминат за Кочани. Целта е тие да пружаат помош, особено во делот што значи инспекциски надзор, со оглед на нивното знаење и стручност во оваа област, ветил градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски на својот колега в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.
Благодарение на Општина Карпош, Кочани првпат во историјата ќе добие инспектор за домување, кој е од особена важност за локалната самоуправа во овие тешки моменти. – Во делот за безбедноста, добредојдена е помошта од Карпош бидејќи сè уште постојат објекти во Кочани каде што тлее таа опасност. Јас свесно го прифатив предизвикот и со максимална поддршка од колегите градоначалници, но и на кочанската заедница, ние ќе ја надминеме оваа ситуација и ќе излеземе посилни и помудри, истакнал Крстевски
Општина Карпош ќе ѝ помага на општина Кочани во делот на инспекцискиот надзор, околу собирање на приходи, при развој на комуналната инфраструктура, урбанизмот, како и во обидот да се привлечат инвеститори. Ова на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, му го ветил неговиот колега од Карпош, Стевчо Јакимовски, на нивната заедничка средба на која биле разгледани повеќе опции за преземање на низа активности, позитивни практики и искуства од функционирањето на Општина Карпош, кои ќе станат дел од работната пракса на општинската администрација на Кочани.
– Верувам дека на Кочани сега помошта му е навистина потребна. Оваа наша средба доаѓа во вистинско време, затоа што дел од нашите колеги кои се вработени во Карпош, најверојатно ќе заминат за Кочани. Целта е тие да пружат помош, особено во делот што значи инспекциски надзор, со оглед на нивното знаење и стручност во оваа област. Само ќе додадам дека ми е особено драго што господинот Крстевски како еден млад човек сака да ги прифати нашите позитивни искуства кои потоа ќе ги имплементира во неговата општина – истакна Јакимовски.
Јакимовски и Крстевски потпишале Меморандум за соработка со цел, поефективна размена на досегашните искуства. Во таа насока, двете општини ќе воспостават заеднички релации на соработка во областа на урбанистичкото планирање, комуналните дејности и образованието. Оттука, кочанчани ќе добиваат стручни совети и насоки од своите колеги од Карпош, од областа на инспекцискиот надзор, во поглед на постапување на градежните, комуналните и инспекторите за домување.
Согласно со Меморандумот, администрацијата од Кочани ќе добива практични совети за прибирање на приходите, а со оглед на тоа што Општина Карпош располага и со сопствена просторна единица за заштита и спасување, ќе бидат разгледувани и позитивни практики од областа на заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра на територија на Кочани.
– Сакам да се заблагодарам на градоначалникот Стевчо Јакимовски и на неговата локална самоуправа што се решија да ѝ помогнат на Општина Кочани. Благодарение на Општина Карпош ние првпат во историјата ќе добиеме инспектор за домување, кој е од особена важност за нас во овие тешки моменти. Исто така, во делот за безбедноста, добредојдена е помошта од Карпош бидејќи сè уште постојат објекти во Кочани каде што тлее таа опасност. Јас свесно го прифатив предизвикот и со максимална поддршка од колегите градоначалници, но и на кочанската заедница, ние ќе ја надминеме оваа ситуација и ќе излеземе посилни и помудри. На крајот сакам само да додадам, дека јас и моите сограѓани никогаш нема да ја заборавиме пријателски подадената рака од Јакимовски и карпошани – посочи Крстевски.
Двете општини ќе ја официјализираат формата на заедничката соработка преку реализација, односно организирање на работни средби и заеднички обуки, размена на информации, документи извештаи и стручни мислења, како и преку посета на терен за запознавање со практики и решенија.
Претставници од двете локални самоуправи исто така ќе учествуваат во заеднички проекти и иницијативи од заеднички интерес, со отворена можност за размена на стручни кадри и експертска поддршка по потреба. На овој начин ќе се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните и ќе се зголеми ефикасноста во планирањето и реализацијата на урбаните решенија.
Преку заедничката соработка ќе се унапреди инспекцискиот надзор со размена на практики и методологии и конечно ќе се зајакнат капацитетите за дејствување во вонредни состојби кои директно ќе влијаат во насока на заштита на населението и материјалните добра.
(С.Бл.)