Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави својата официјална меме криптовалута наречена $TRUMP, што предизвика силна реакција на пазарот на криптовалути.
За помалку од еден час, еден трговец заработил огромни 20 милиони долари во првиот час од објавувањето.
Трамп го објави лансирањето на својата нова криптовалута на својата социјална мрежа Truth Social.
Трамп зборуваше многу за важноста на криптоиндустријата во текот на својата изборна кампања и самиот се вклучи во неа со формирање на криптовалутата $TRUMP. Криптовалута, која веќе може да се купи на блокчејн, беше инспирирана од обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија, во јули 2024 година.
– Претседателот Трамп му покажа на светот од што е создаден лидерот. Неговите сила и храброст иницираа движење, кое стана најнезаборавниот мем на векот. Придружете ѝ се на заедницата на Трамп и сите ние се бориме за она што е важно – се наведува на веб-страницата на $TRUMP.
Според „Coinmarketcap“, едно крипто чини повеќе од 23 долари, додека капитализацијата на криптовалутата е речиси 4 милијарди долари, а нејзиниот обем на тргување е 5,5 милијарди долари. Доналд Трамп активно го промовира развојот на криптоиндустријата. По победата на изборите во САД, цената на биткоинот надмина 100.000 долари.