Уште не се знае каде точно се наоѓа: Додик се огласи на социјалните мрежи со мистериозна порака – „Стигнав“

1284
epa09046259 Chairman of Bosnian Presidency, Milorad Dodik (L), and Sefik Dzaferovic member of Bosnian Presidency (R) attend a press conference with Serbian President Aleksandar Vucic (not pictured) after the donation of 5,000 doses of the AstraZenece vaccine against the coronavirus disease (COVID-19) from Serbia to Bosnia and Herzegovina, at Sarajevo Airport, Bosnia and Herzegovina, 02 March 2021. EPA-EFE/FEHIM DEMIR

И покрај налогот за апсење, Додик отпатува за Белград, а потоа за Израел, а околностите во кои ја преминал границата се предмет на истрага на Граничната полиција на БиХ.

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик се огласи на социјалните мрежи по враќањето од Израел.

На својот профил на социјалните мрежи напиша: „Стигнав“.

 

Засега не се знае дали Додик се вратил во Бања Лука и ако е така, како се вратил.

Наводно, откако Додик го напуштил Израел, се вратил во Белград. Авионот на Владата на РС, кој полета од Израел во четвртокот околу 22.30 часот, слета во Белград во петокот околу 01.20 часот. Набрзо повторно полетал и слетал во Бања Лука околу два часа подоцна, но не се знае дали Додик излегол од авионот во Белград, пренесува хрватски Дневник.

Судот на БиХ му одреди притвор и издаде налог за апсење на Милорад Додик затоа што не одговорил на поканата за распит што му ја испрати Обвинителството на БиХ како дел од истрагата поради сомневање дека сторил кривично дело загрозување на уставниот поредок на БиХ.

И покрај налогот за апсење, Додик отпатува за Белград, а потоа за Израел, а околностите во кои ја преминал границата се предмет на истрага на Граничната полиција на БиХ. За време на престојот во Израел, Додик нагласи дека следната недела ќе се врати во Босна и Херцеговина.

ИЗДВОЕНИ