Австралиската тенисерка Арина Родионова рано беше елиминирана од првиот грен слем-турнир, Австралија опен, но се чини дека моментално е фокусирана на други работи и дека ѝ е тенисот во втор план. Австралијката со руско потекло беше во врска со Тај Викери девет години, но објави видео на „Инстаграм“ во кое објави за раскинувањето. Таа седи пред својот сега поранешен партнер, кој држи полуизедена банана, и вели: „Се разведуваме“, наведувајќи дека понекогаш љубовта не е доволна.

– Ние сме разделени околу една година. Пријателите и семејството знаат, но сакавме само да ја информираме пошироката заедница за оваа ситуација. Ви благодариме – вели Роден.

Викери додава:

– Добро ни оди. Имаме добри односи и си посакуваме сè најдобро. Ви благодариме за поддршката.

Моментално деведесет и седморангираната тенисерка во светот отвори сметка на платформата за возрасни „OnlyFans“ со цел да заработи дополнително. Нејзините обожаватели ќе можат да пристапат до нејзините фотографии и видеа по пристапни цени.

Родионова никогаш не успеа да го помине вториот круг на грен-слем турнирите. На стартот од годинашниот Австралија опен, таа беше елиминирана од Ева Лис. Родионова е само една од бројните тенисерки и спортистки што сè повеќе се присутни на „OnlyFans“, популарна веб-страница за возрасни.

ИЗДВОЕНИ