Данската тенисерка Клара Таусон (21) ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка во осминафиналето на турнирот во Дубаи во два сета со 6:3, 6:2. Ова беше најголемата победа во кариерата на данската тенисерка и нов удар за трикратната грен слем шампионка и финалистка на последниот Австралија опен, која неодамна исто така беше елиминирана во раната фаза на турнирот во Доха.

Ова беше втор меч меѓу Сабаленка и Тавсон, која се соочи и во Мелбурн кога Белорусинката триумфираше во два сета, но овојпат нејзината противничка беше далеку подобра.

Во првиот сет 38. рангираната тенисерка на ВТА листата водеше со 5:2 со два брејка, но во следниот гем загуби сервис, но со уште еден брејк ја принуди Сабаленка да капитулира во првиот сет.

Данката беше уште поубедлива во вториот сет иако го започна со губење на свој сервис. Таа брзо одговори, веднаш направи брејк во следниот гем, а потоа играше како во транс и ги доби следните четири и ја исфрли најдобрата тенисерка во светот од турнирот.

ИЗДВОЕНИ