Српскиот центар Никола Јокиќ оваа сезона одигра 68 натпревари за Денвер нагетс и има да одигра уште два пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Неговиот Нагетс е во опасност да не обезбеди место во плејофот доколку загуби на тие два меча од Мемфис и од Хјустон. Оваа ситуација е можна, особено ако се знае дека тимот моментално минува низ турбулентен период.

И покрај тоа што Јокиќ бележи просечни 29,8 поени, 12,8 скока и 10,2 асистенции и Нагетс има скор 48:32, имаше промена во стручниот штаб – беа избркани тренерот Мајк Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут.

Додека се случуваше сето ова, се појави една многу интересна информација во врска со Никола Јокиќ. Тој има одиграно вкупно 823 натпревари досега во НБА, вклучувајќи го и плејофот, но никогаш не играл со соиграч од Ол-старот, соиграч што бил член на една од трите идеални петорки или на една од трите одбранбени петорки. Тој е единствениот играч во историјата на НБА што одиграл најмалку 700 натпревари во една ваква ситуација.

На „вечната листа“ на овој неславен „рекорд“, Јокиќ го надмина Елтон Бренд, кој без елитен соиграч крај себе, одигра 672 натпревари за Лос Анџелес клиперс.

Дури во 2009 година Бренд играше со Ален Ајверсон, кој беше играч на Ол-старот во сезоната 2009/2010, за последен пат во кариерата.

На пример, Мајкл Џордан имаше четворица соиграчи од Ол-старот во првите десет сезони од кариерата, Џоел Ембид имаше петмина, Тим Данкан шестмина, Леброн Џејмс осуммина, Коби Брајант имаше десетмина, а апсолутен рекордер е Стеф Кари со дури 12-мина елитни соиграчи покрај себе.

ИЗДВОЕНИ