Ден Харли, тренерот на Конектикат во НЦАА-лигата, е нов кандидат за функцијата главен тренер во редовите на Денвер нагетс.

Откако беше отпуштен главниот тренер, Мајкл Мелоун, а веднаш потоа и генералниот директор, Калвин Бут, во американските медиуми постојано се шушка околу името на новиот предводник на Нагетс.

Засега, Дејвид Аделман, синот на Рик Аделман, е на местото на Мајк Мелоун и ќе биде тренер на Нагетс до крајот на актуелната сезона. Според американските медиуми, постои шанса ова лето да биде присутно ново име во Колорадо. Едно од нив е токму Ден Харли, кој неодамна ги одби Лос Анџелес лејкерс и понудата од 70 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ