Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран во Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтер бил на 39 километри од Маналај на длабочина од десет километри.
Мјанмар во петокот околу пладне беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер, проследен со бројни последователни потреси, меѓу кои и еден со јачина од 6,4 степени.
Според податоците кои ги објави воената хунта во Мјанмар, вкупниот број на жртви во земјотресот надмина 1.600, повеќе од 3.400 се повредени, а 30 лица се водат како исчезнати, пренесува агенцијата Кјодо.
Најмалку 18 лица загинаа во соседен Тајланд.