Уште еден чипс се повлекува од пазарот! Можно присуство на парчиња дрво

1075

Еко-производ чипс „морска сол“ со рок на траење од 11 октомври 2025 година се повлекува во Хрватска поради можно присуство на парчиња дрво, соопшти Државниот инспекторат на Република Хрватска.

Споменатиот чипс во пакување од 125 грама го произведува германската компанија „Alnatura Produktions und Handels GmbH“, а го продава продавницата „Mueller“, објави Индекс.

Државниот инспекторат забележува дека производот под број EAN/MAN: 4104420056909/2063993 (8) не е во согласност со Регулативата за воспоставување општи принципи и барања од законот за храна на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната.

Известувањето за отповикување на производот се однесува исклучиво на производот со наведените податоци, стои во соопштението.

(Извор: Танјуг)

ИЗДВОЕНИ