Уште 12 тешко повредени пациенти се испраќаат во Србија

661

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар денеска изјави дека 17 пациенти од Македонија се во четири здравствени домови во Србија – Клиничкиот центар на Србија, ВМА, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш. Според него, Србија ќе направи се за да им помогне на повредените, при што појасни дека пристигнуваат уште 12 пациенти кои се тешко повредени по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Лончар за РТС изјавил дека повредите кај пациентите се исклучително сериозни.

„Се прави дијагностика и терапија, се преврзуваат во собата. Повредите се сериозни. На располагање им се нашите капацитети. Ги покриваме сите трошоци, помагаме и се ќе прифатиме. Повредите се исклучително сериозни и пациентите ќе добијат се, исто како и во најдобрите клиники во светот“, информирал изјавил Лончар.

ИЗДВОЕНИ