Репрезентацијата на САД го заврши учеството на Копа Америка, бидејќи во последното трето коло беше поразена од Уругвај со 1:0. Единствен стрелец на натпреварот беше Оливера, во 66. минута од натпреварот, што беше доволно за да се совлада селекцијата на САД, која беше домаќин на ова издание на Копа Америка.

На вториот меч, Панама беше подобра од Боливија со 3:1. Панама поведе со голот на Фајардо во 22. минута, Миранда израмни во 69., но десет минути подоцна Гереро го врати водството на Панама. Јанис го постави конечниот резултат во првата минута од судиското надополнување.

Во следната фаза продолжуваат Панама и Уругвај.