Урбан парк ќе се гради под комплексот згради кај Градскиот пазар во Крива Паланка

125

Општина Крива Паланка ќе реализира урбан парк под комплексот згради кај Градскиот пазар.

– Започнуваме нов инвестициски европски проект „ПАРКС“ што ќе донесе урбана пејзажна трансформација на локацијата под комплексот згради кај Градскиот пазар – соопштија од Општина Крива Паланка.

ИПА проектот е финансиран од ЕУ програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија и е вреден 895.000 евра. Притоа, за Крива Паланка се одобрени 388.000 евра кои ќе бидат наменети за изградба на урбан зелен парк под зградите кај градскиот зелен пазар, изработка на зелен катастар со детали за зелените ресурси и инфраструктура во урбаниот дел, изработка на платформа за следење на квалитетот на воздухот преку поставување сензори во соработка со образовни институции, изработка на прирачник за раст на растенија.

– Се работи за уникатен проект со сеопфатна визија што ги надминува обичните креации на зелени простори. Синтетиза на инфраструктура со иновации, напредна технологија, сензори за квалитет на воздухот и аналитика во реално време – одржливост на урбаниот пејзаж – велат од локалната самоуправа.