Милтон, ураганот од четврта категорија, во вторникот продолжи да се приближува до западниот брег на државата Флорида во југоисточниот дел на САД. Повеќе од милион луѓе се евакуирани пред пристигнувањето на ураганот, кој се очекува во среда навечер. Американскиот национален центар за урагани соопшти дека Милтон прво ќе погоди област во близина на градот Тампа.
Околу три милиони жители на областа интензивно ги чистат остатоците и разниот отпад што ги остави зад себе ураганот Хелена, кој ја опустоши Флорида пред две недели. Ако Милтон помине низ Тампа, тоа ќе биде прв пат од 1921 година ураган да помине директно низ тој град, пренесува The Morning.
Timelapse flying by Hurricane Milton about 2 hours ago.
1/6400 sec exposure, 14mm, ISO 500, 0.5 sec interval, 30fps pic.twitter.com/p5wBlC95mx
— Matthew Dominick (@dominickmatthew) October 8, 2024
Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис во вторникот изјави дека ќе активира 8.000 членови на Националната гарда, а државните власти подготвуваат камиони полни со залихи и помош. ДеСантис им порача на жителите на Флорида да ги слушаат метеоролозите и претставниците на локалната власт, кои ќе го водат процесот на евакуација.
Жителите на Флорида добија совет да се подготват за најголемата евакуација во последните години.
Претседателот на САД, Џо Бајден предупреди дека ураганот Милтон може да биде една од најлошите бури што ја погодила Флорида во последните сто години. „Евакуирајте сега, сега, сега“, им рече тој на жителите, нагласувајќи дека федералната влада ќе обезбеди помош „пред, за време и по“ ударот на бурата. Илјадници припадници на федералниот персонал веќе се распоредени за да помогнат во подготовката и обезбедувањето поддршка за време на бурата, додаде Бајден.
Big time slow downs on Alligator Alley, i-75 out of Naples, Florida this afternoon as the mass evacuation continues ahead of Hurricane #Milton. pic.twitter.com/JZoQHfHTlb
— Bryce Shelton (@BryceShelton01) October 8, 2024
Американскиот национален центар за урагани го деградира Милтон во вторникот, бидејќи неговите максимални постојани ветрови паднаа на 250 километри на час. Според скалата на ураганите Сафир-Симпсон, ураганот од четврта категорија може да предизвика катастрофални штети, разнесувајќи секакви покриви од куќите, уривање на надворешни ѕидови на станбени згради и кршење дрвја и нивно корнење.
Додека моќта на Милтон се очекува да флуктуира, се предвидува дека тој ќе остане исклучително опасен откако ќе пристигне на Флорида. Се очекува делови од Флорида да останат без струја со денови, а Милтон се очекува да создаде бранови високи меѓу три и четири и пол метри на север и југ од заливот Тампа. Благодарение на топлите мориња во Мексиканскиот залив, Милтон напредуваше од тропска бура до ураган од петта категорија за помалку од 24 часа.
Тоа е трет најбрз напредок во историјата на мерењето на ураганите во областа на Атлантскиот Океан. Освен тоа, необично е што патува од запад кон исток. Ураганите кои минуваат низ Мексиканскиот Залив обично се формираат во Карипското Море и стигнуваат на копно откако ќе патуваат на запад и ќе се свртат кон север.
„Многу ретко се случува ураган да се формира во западниот Мексикански Залив, да се движи кон исток и потоа да го погоди западниот брег на Флорида“, вели Џонатан Лин, научник од Универзитетот Корнел.
Се очекува Милтон дополнително да зајакне пред да стигне на Флорида во среда. Тоа значи дека стотици километри крајбрежје ќе бидат загрозени од високи бранови. Повеќе од 9,3 милиони жители живеат во областа загрозена од ураганот.
Mass evacuation orders ahead of Hurricane Milton prompted bumper-to-bumper traffic as the strongest hurricane in the Gulf of Mexico in nearly two decades takes aim at Florida. #hurricaneMiltom #Categoria5 #Categoria6 pic.twitter.com/Wm3Nbk2Rw8
— Sujon Ahmed (@SAexploring) October 8, 2024
Асошиетед прес пишува дека аеродромите во близина на Тампа ќе ги затворат вратите и дека авионите нема да летаат.