Упасениот градоначалник на Истанбул Имамоглу се огласи од затвор

523

Уапсениот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу ги повика граѓаните на Турција да не губат надеж и да му ја најават на целиот свет својата борба за демократија и правда“.

„Мил мој народе; никогаш не биди тажен, никогаш не очајувај, никогаш не губи надеж. Заедно, рака под рака, ќе го искориениме овој удар, оваа црна дамка на нашата демократија. Се ближи денот кога луѓето кои управуваат со овој процес че одговараат пред семоќниот создател, како на овој така и на оној свет“, напиша Имамоглу.

Турскиот суд донесе утринава одлука уапсениот градоначалник на Истанбул Екрем Имаомоглу да остане во притвор до судењето, како што претходно побараа обвинителите. Градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш, од редовите на истата опозициска Републиканска партија изјави дека одлуката во врска со Имамоглу е срам за правосудниот систем.

Имамоглу беше уапсен во средата во рамки на истрагата за наводни случаи на корупција и тероризам, неколку дена пред очекувањето дека ќе биде номиниран за претседателскиот кандидат на опозициската Републиканска народна партија на предизборите кои се одржуваат денес, што предизвика големо незадоволство меѓу опозицијата, по што во Истанбул и други градови низ земјата беа одржани протести против таа одлука.

Тој ги негираше обвинувањата, нарекувајќи ги „незамислив обвинувања и клевети“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ