Унифицирани корпи за собирање на сметот од домашните миленици

236

Општина Гази Баба е првата општина во Македонија што постави, на јавни површини, унифицирани корпи за собирање на сметот што го оставаат домашните миленици.

– По поставувањето куќарки, ова е вториот чекор кој го преземаме и со кој на дело ја покажуваме нашата грижа за домашните миленици – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму апелираат до сопствениците на миленици да ги користат поставените корпи за заеднички да се грижиме за заштитата на животната средина. Притоа, дополнително, насекаде низ Општината ќе бидат поставени нови корпи за отпадоци. Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ ја изврши набавката на оваа урбана опрема.