УНИЦЕФ: Над 120 илјади деца во земјава живеат во сиромаштија

16

Над 120 илјади деца во земјава или 32,8 отсто живеат во сиромаштија, објави УНИЦЕФ, повикувајќи се на податоци што ги објави Државниот завод за статистика. Во Македонија, според УНИЦЕФ, помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца добиваат парична помош наменета за деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто.

– Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишното образование, кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош што им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот –соопштуваат од УНИЦЕФ.

Според Организацијата на ОН за заштита на правата на децата, земјата би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија така и на детската сиромаштија.