Реализирање на идни капитални и инфраструктурни проекти низ државата, особено во населените места каде што живее ромско население беше една од клучните теми на работната средба што вчера ја оствари претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу.
Ѓорѓиевски истакна и дека неговите заложби за унапредување на човековите права и подобро секојдневие на сите граѓани во Македонија, со несмалено темпо ќе продолжат и во иднина.
– Она што беше тема на оваа средба со почитуваниот министер е досегашните имплементирани мерки и проекти, но и идни реализации на капитални и инфраструктурни зафати насекаде во Република Македонија, со акцент на населените места каде што живее ромско население. Ги истакнавме и нашите заеднички заложби за унапредување на човековите права, но и за подобрување на секојдневието на сите категории граѓани, особено на Ромите на целата територија на Република Македонија. Во иднина, будно ќе ја следиме имплементацијата на активностите што ќе бидат спроведени од страна на локалните самоуправи и ќе се заложиме за уште поголемо унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија – изјави Ѓорѓиевски.