Активно се работи на реконструкција на една од најголемите сообраќајници во населбата Даме Груев. Станува збор за улицата „Николај Островски“, каде што во моментов се работи на нов завршен асфалтен слој на коловозот, во должина од 600 метри, а паралелно со тоа, се работи и на поставување електрична инсталација за нови канделабри и ново улично осветлување.
– Новиот асфалт, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри, наскоро ќе ѝ даде целосен и урбан изглед на оваа улица. Веднаш одговоривме на барањето на нашите жители и започнавме со реконструкција на улицата, која ќе биде од големо значење за сите – истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Проектот е вреден 3.200.000 денари.