Од Општина Кисела Вода информираат дека проектот опфаќа комплетна реконструкција на коловозот, изградба на современи тротоари, нови паркинг простори и оформување на зелен појас долж трасата. Инвестицијата, вредна 51 милион денари, е обезбедена преку Програмата за капитални инвестиции на Владата, како дел од првиот повик за финансирање со овој нов механизам за поддршка на општините
Продолжуваат инфраструктурните интервенции за целосната реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров“, мошне важна сообраќајна артерија во општина Кисела Вода. Оваа сообраќајница, широка 12 метри и долга 1,2 километри, која повеќе од 50 години беше заборавена и оставена во руинирана состојба, наскоро ќе добие сосема нов лик.
Од Општина Кисела Вода информираат дека проектот опфаќа комплетна реконструкција на коловозот, изградба на современи тротоари, нови паркинг простори и оформување на зелен појас долж трасата. Инвестицијата, вредна 51 милион денари, е обезбедена преку Програмата за капитални инвестиции на Владата, како дел од првиот повик за финансирање со овој нов механизам за поддршка на општините.
-Реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров” е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што ги реализираме во нашата општина. Станува збор за сообраќајница што повеќе од половина век беше запоставена, во исклучително лоша состојба, а која секојдневно ја користат стотици наши сограѓани. Со овој зафат, создаваме целосно ново урбано решение, нов коловоз со широки тротоари, со паркинг простор, со уреден зелен појас, кој директно ќе го унапреди квалитетот на животот на жителите, ќе ја зголеми безбедноста на сообраќајот и ќе овозможи поудобно, побезбедно и поуредено секојдневие – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека е во тек е и вториот повик за доделување средства за капитални инвестиции, на кој Општина Кисела Вода повторно аплицира со целосно изготвени проекти.