Репрезентацијата на Англија потешко од очекувањата се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, откако во драматична завршница во Гелзенкирхен ја совлада Словачка со 2:1 по продолженијата.

Но, покрај тоа што „Гордиот Албион“ се провлече, овој натпревар го одбележа и големата расправија меѓу играчот од средниот ред на Англија, Деклан Рајс, и словачкиот селектор Франческо Калцона, која се случи на крајот на мечот.

Имено, читателите на усните открија што точно се случило во моментите кога англиските играчи мораа да го отргнат Рајс од Словакот, кој во еден момент го турна 25-годишниот играч за врска на Арсенал.

Според читателите на усни, Рајс му рекол на Калцони во пресметката: „Ќути, пиз*о. Ќути, ќелава пи*ко“.

Инаку, Иван Шранц ја доведе Словачка во водство во 25. минута, но во петтата минута од судиското надополнување во вториот дел, Џуд Белингем, со популарни „ножички“ успеа да го израмни резултатот на 1:1 и да го испрати натпреварот во продолжение. Во првата минута од продолжението Хари Кејн постигна гол за 2:1 и со тоа Англија се пласираше во осминафиналето на турнирот, каде што в сабота, во Дизелдорф, ќе игра против Швајцарија.