Укринформ: Украински сајбер експерти ги хакираа серверите на руската Државна дума и Уставниот суд

37

Сајбер експертите на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) воспоставија контрола врз веб-серверите на веб-страницата на руската Државна дума и Уставниот суд, пренесува Укринформ, повикувајќи се на извор од украинската разузнавачка служба.

„По повод официјалниот државен празник на Руската Федерација – Денот на Уставот, кој се одбележува денеска, сајбер експерти на ГУР поставија транспарент на веб-страницата на Државната дума на Руската Федерација со порака „Земјата Русија не постои „, а веб-страницата на Уставниот суд на Руската Федерација беше блокирана и корисниците не можеа да пристапат до неа“, наведува Укринформ.

Според изворот на украинската државна новинска агенција, сајбер нападот врз овие руски веб-ресурси „целосно ја парализирал нивната работа и ги оневозможил серверите“.

Украинската агенција наведува и дека минатата недела сајбер експерти на Министерството за одбрана ги нападнале системите на руската Гаспромбанка и ги оневозможиле терминалите на банката низ цела Русија, поради што клиентите биле спречени да пристапат до онлајн банкарството, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ