За празникот Јован послужете ја словенската погача која е неверојатно мека и има феноменален вкус.
Се ближи празникот Свети Јован и сите што слават почнаа полека да смислуваат мени. Направете путер погача која е толку мека и вкусна што гостите веднаш ќе се „нафрлат“ на неа, а не е многу напорна за подготовка.
Трикот за совршената мекост се јогуртот и путерот.
Состојки:
250 мл млеко
20 гр квасец
1 лажичка шеќер
3 јајца
4 лажици масло
3 супени лажици грчки јогурт
1 лажица оцет
700 гр брашно
1 лажичка сол
150 гр путер
сусам
Подготовка:
Во сад истурете млако млеко, издробете го квасецот и додадете шеќер. Промешајте и оставете да се активира околу 10 минути. Потоа додадете едно цело јајце и две белки, прелијте со јогурт, масло, оцет и стопен путер. Сè убаво измешајте, па додајте просеано брашно и сол. Месете го мекото тесто и покријте го со проѕирна фолија, па оставете го да стаса.
Тестото обликувајте го во топка и ставете го во тавче обложено со хартија за печење. По желба можете да одвоите помал дел од тестото кое ќе го поделите на три еднакви дела. Формирајте змии и направете плетенка. Добиената плетенка поврзете ја во круг, па ставете ја на врвот на тортата.
Печете ја погачата во загреана рерна на 200°C околу 40 минути. Извадете ја, премачкајте ја со путер и оставете ја да се излади, па послужете го за Свети Јован.