Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски

194
Фото:википедија

Украинскиот парламент усвои резолиција со која се потврдува легитимитетот на Володимир Зеленски на функцијата претседател, истовремено отфрлајќи ја можноста за одржување избори додека не се заврши војната, со што ги одби изјавите на претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека неговата власт е нерегуларна бидејќи во Украина не се одржани избори.

Украинскта Рада ја усвои резолицијата од втор обид, откако немаше доволно гласови за поддршка за нејзино усвојување.

Зеленски претходно рече дека ќе се повлече ако то би донело мир во Украина, додавајќи дека би го сторил тоа и ако тоа би значело дека неговата земја ќе добие членство во НАТО.

Парламентот одлучи дека Зеленски ја освои власта на легитимни избори и дека неговиот мандат не се доведува во прашање.

Во резолуцијата се наведува истовремено дека не е можно да се одржат избори додека не биде укината воената сотојба, туку дури откако ќе биде постигнат праведен и траен мир.

 

ИЗДВОЕНИ