Украинскиот Генералштаб го потврди уништувањето на најголемиот руски нафтен терминал на Крим

392

Украинскиот Генералштаб потврди дека украинската армија во текот на ноќта го уништила најголемиот руски нафтен терминал на Крим.

„Задачата ја извршија единиците на ракетните сили на вооружените сили на Украина во соработка со другите компоненти на украинските одбранбени сили. Беше извршен успешен напад на крајбрежниот нафтен терминал на непријателот во привремено окупираната Феодосија“, се вели во соопштението на наведува Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Генералштабот соопшти дека избувнал пожар во реонот на објектот, истакнувајќи дека овој терминал е најголем на Крим по обем на претовар на нафтени деривати, кои меѓу другото се користеле за задоволување на потребите на руската армија, пренесува украински Интерфакс.