Украинската служба за безбедност го уби рускиот генерал Кирилов сред Москва

1283
EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS

Бомба сокриена во електричен скутер уби висок руски генерал на командата на силите за нуклеарна заштита во Москва во вторникот, соопшти рускиот истражен комитет.

Украина ја презема одговорноста за оваа ликвидација, изјави за Ројтерс и АП безбедносен извор од таа земја. Дека зад оваа ликвидација стојат украинските разузнавачки и безбедносни служби, наведуваат и медиумите во Киев. Поточно, The Kyiv Independent и RBC Ukraine пишуваат дека Кирилов бил убиен од Службата за безбедност на Украина (SBU), повикувајќи се на извор од таа агенција, пренесува.

Генерал-полковник Игор Кирилов, кој е командант на руските единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, е убиен пред станбена зграда на Рјазански проспект, 7 километри југоисточно од Кремљ.

„Убиени се Игор Кирилов, началникот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на Вооружените сили на Руската Федерација и неговиот помошник“, соопшти истражниот комитет.

Фотографиите објавени на руските канали Телеграм го покажуваат уништениот влез на зградата покриен со урнатини и две тела кои лежат во крвавиот снег.