Украинските вооружени сили наводно го собориле најскапиот руски дрон „Мерлин ВР“ на фронтот недалеку од Лиман.
Ова е најскапото беспилотно летало во сопственост на руските сили, се наведува во соопштението на Оперативната стратешка група „Хортиција“ на украинските вооружени сили, пренесува порталот „Њуз Украина“.
Во областа Лиман, украинските противвоздушни сили од 63-та бригада и 45-та специјална артилериска бригада учествуваа во соборувањето на непријателски дрон.
И покрај напорите на механизираната бригада и артилериските единици, украинските војници не успеаја да стигнат до местото на несреќата, но снимија фотографии од уништениот руски дрон.
Дронот „Merlin VR“ е најскапиот дрон во руските вооружени сили, а еден чини околу 300.000 долари. Експерименталниот извидувачки дрон може да лета на височина од 5.000 метри и да остане во воздух до 10 часа. Досегот му е 600 километри.
И покрај неговите технички способности, тој не можеше да остане незабележан и да ја заврши мисијата.