Украина: Војската не е опколена во Курск, Русија шири лаги за политички цели

553

Украина денеска демантираше дека руската армија ги опколила украинските сили во областа Курск и рече дека тие извештаи се создадени од Москва за политички цели.

„Извештаите за наводното опкружување на украинските единици во регионот Курск од страна на непријателот се невистинити и создадени од Русите за политички цели и притисок врз Украина и партнерите. Ситуацијата не е значително променета во текот на изминатиот ден. Борбените операции продолжуваат“, се наведува во извештајот на украинската армија.

Украинската армија додава дека силите се прегрупирале и се повлекле во поповолни одбранбени линии и ги извршуваат зададените задачи во Курската област, пренесува Укринформ.

ИЗДВОЕНИ