Украина повикува на дополнителни консултации за деталите од договорот објавен од Вашингтон

159
epa11935375 Ukrainian President Volodymyr Zelensky attends a summit on Ukraine, at Lancaster House in London, Britain, 02 March 2025. The British prime minister is hosting a summit of European leaders in London to discuss the ongoing war in Ukraine. EPA-EFE/JAVAD PARSA NORWAY OUT

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров повика на „дополнителни технички консултации“ за да се решат „деталите“ од договорот што денеска го објави Белата куќа за начелно прифаќање на прекин на огнот во Црното Море.

„За ефикасно спроведување на договорот, важно е да се одржат дополнителни технички консултации што е можно поскоро за да се договорат сите детали и технички аспекти од имплементацијата, следењето и контролата на договорот“, рече Умеров во изјавата во која се сумираат главните точки од разговорите со Американците во Ријад, Саудиска Арабија во последните денови.

Умеров предупреди дека Украина ќе го смета секое движење на бродови на руската морнарица надвор од источното Црно Море како прекршување на тој договор и „ќе има целосно право да го искористи своето право на самоодбрана“.

Белата куќа денеска соопшти дека Русија и Украина се договориле да ги прекинат воените дејствија во Црното Море.

Двете страни се согласија „да се обезбеди безбедност на пловидбата, да се исклучи употребата на сила и да се спречи употребата на комерцијални бродови за воени цели во Црното Море“, соопшти Белата куќа, заедно со некои детали од разговорот.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руската и американската делегација имале само „технички консултации“ во Ријад и дека резултатите од преговорите нема да бидат јавно објавени, иако пред тие средби беше објавено заедничко соопштение.

ИЗДВОЕНИ