Украина одговори на понудата за мир на Путин

175

Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за завршување на војната што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак.

Тој го отфрли предлогот на Путин, велејќи дека тоа не е сериозен обид за постигнување мировен договор и дека не е релевантен за никакви преговори.

Подољак додаде за Ројтерс дека „нема можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги претстави Украина.

Исполнување на два услови и Путин веднаш ќе даде наредба за прекин на војната во Украина