Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека земјата не е заинтересирана за „заземање територија“ во руската област Курск и најави дека украинската офанзива таму ќе заврши само кога Русија ќе се согласи на мир.
„Колку побрзо Русија се согласи да воспостави праведен мир, толку побрзо ќе престанат украинските напади на руска територија. Се додека (Владимир) Путин ја продолжува војната, такви одговори ќе добива од Украина“, изјави портпаролот на Министерството за новинарите во Киев.
Украинските операции во Русија и помагаат на линијата на фронтот во Украина, објасни тој, бидејќи ја спречуваат Русија да премести дополнителни единици во Доњецк, украински регион под руска контрола, пренесува Би-Би-Си.
Руските власти објавија дека ширум земјата се отворени 400 привремени засолништа за 30.000 раселени од украинската офанзива.
Вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Алексеј Смирнов, во понеделникот изјави дека 121.000 луѓе се евакуирани од нивните домови во областа.
Украина контролира 74 населени места во областа Курск во Русија, тврди Сирски