Украина лани превезла над 11 милиони тони руска нафта преку „Дружба“

61

Украина транспортираше околу 11,36 милиони тони руска нафта преку јужниот крак на гасоводот Дружба во 2024 година, што значи дека обемот на транзит е намален за 16 отсто во споредба со 2023 година и е најнизок од 2014 година, објави украинскиот весник „Експро“.

Испораките на руска нафта во Унгарија беа најголеми, во износ од повеќе од 4,7 милиони тони, што е речиси рамно на годишно ниво, пренесе Тас. Во Словачка се транспортирани 3,9 милиони тони нафта, што е за 15 отсто помалку од претходната година, а во Чешка за 2,7 милиони тони (35 отсто помалку).

Според проценките на весникот Експро, Украина минатата година добила речиси 10 милијарди гривни (245 милиони евра) за транзит на нафта од Русија, кој продолжил во 2025 година, пренесува Танјуг.

Просечниот дневен волумен во првата недела од јануари беше околу 34.900 метрички тони, или 14 отсто повеќе отколку во декември, објавија украинските весници.

ИЗДВОЕНИ