Украина контролира 74 населени места во областа Курск во Русија, тврди Сирски

876
EPA-EFE

Украина контролира 74 населени места во регионот Курск во Русија, изјави врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски.

За ова Сирски денеска го информирал украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе Униан.

„Во изминатите 24 часа вооружените сили на Украина напредуваа во различни правци од еден до три километри“, рече Сирски.

Русија принудена да се повлече?

Зеленски откако го добил извештајот од Сирски, рече дека напредувањето на украинските сили во регионот Курск продолжува и покрај сложените, интензивни борби.

Сепак, руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските војници изгубиле до 420 војници за еден ден на рутата Курск, а 2.030 војници од почетокот на нападот на 6 август.

УКРАИНА НЕ САКА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Крај на офанзивата кога Путин ќе се согласи на мир