Украина и Русија постигнаа договор за безбедна пловидба и деескалација во Црното Море, соопшти Белата куќа, додавајќи дека САД ќе помогнат да се врати пристапот на Русија до светските пазари за одредени производи, објави Скај њуз.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Киев се согласил да обезбеди безбедна пловидба, да ја елиминира употребата на сила и да спречи употреба на комерцијални бродови за воени цели во Црното Море.
Договорот доаѓа по денешните разговори меѓу украинската и американската делегација во Саудиска Арабија. Според Умеров, секое движење на руски воени бродови надвор од источниот дел на Црното Море ќе претставува кршење на духот на овој договор, во тој случај Украина го задржува правото на самоодбрана, објави „Скај њуз“.
Со сличен тон како во изјавата на Белата куќа, Умеров изјави дека сите страни се согласиле да развијат мерки за спроведување на договорот на претседателите за забрана на напади врз енергетските капацитети во Украина и Русија.
Оваа вест претставува значаен чекор кон намалување на тензиите во регионот, а вниманието на меѓународната заедница сега е насочено кон спроведување на овој договор на терен.