Украина ѝ порача на Европската унија дека сè уште може да складира гас во таа земја и покрај руските напади, пренесува денеска Политико.
Бриселскиот портал посочува дека големите резерви на гас на Украина и помогнале на Европа да избегне пазарна криза минатата зима.
Големите украински складишта за природен гас се достапни за Европа во текот на претстојната зима, иако овие капацитети се цел на руски бомби, изјави за Политико Олексиј Чернишов, директор на националната украинска енергетска компанија Нафтогас.