Откако руските сили денеска извршија ракетен напад врз Киев, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика денеска сојузниците на Украина да ги одобрат украинските напади длабоко на руска територија.
„Во одбрана од оваа варварска воена машина, Украина е принудена да се бори со врзани раце. Зарем тоа не е апсурдно?“, праша Кулеба на својот Х профил, пренесе Ројтерс.
Тој додаде дека Русија во понеделникот истрелала севернокорејски ракети кон Киев и ги повика азиските партнери да размислат за зголемување на воената помош за Украина.