Владата го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. Како што информираат од Владата со новите законски одредби, ќе се укине постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите и со тоа же се постигне поголема ефикасност во работата

 

Владата  го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи. Како што информираат од Владата оваа промена има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги.

-Со новите законски одредби, ќе се укине постоењето на две управувачки позиции – организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите. Од сега натаму, со овие установи ќе раководи само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето-велат од Владата и дополнуваат дека со оваа реформа треба да се подобрат условите и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, овозможувајќи поголема транспарентност и отчетност во работата на здравствените установи.

Новиот министер за здравство Арвен Таравари уште од првиот ден на неговиот манадт се зафати со разрешување на економските директори на клиниките. Први добија отказ тие што беа в.д., а оние кои што имаа менаџерски договори како што објасни Таравари неопходно е да се смени законската регулатива, за што е потребно Владата да даде виза за ова законско решение. Во самиот старт од неговата министерска функција беа разрепени околку петанесетина директори.

Таравари исто така информираше дека со укинувањето на економските директори ќе се овозможи и спојување на клиниките  во еден клинички центар, со кој ќе управува еден директор со двајца помошници.

– Постепено се разрешуваат економските директори, се менуваат и медицинските. Во иднина, наместо 64, ќе има 32 директори. Некои од медицинските директори што работеле чесно и стручно, ќе останат и понатаму – кажа Таравари на првиот брифинг со новинарите.

Први ги завршија функциите како директори на скопските клиника за Неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална хирургија, потоа економските директори на Дерматологија, Ревматологија, Физикална медицина, како и Токсикологија, Стоматолошката клиника и Психијатриската клиника.Таравари ја разреши и контраверзната директорка  Бесија Иљази која што беше економски директор на Клиниката за токсикологија. Околу нејзиното работење  во изминатиот период се крена голема врева и бунт во редовите на вработените од оваа здравствена установа. Таравари, потврди дека утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.

За нов медицински директор на Клиниката за токсикологија, назначен е професорот д-р Андон Чибишев, за нов директор на Онкологија е назначен д-р Игор Стојковски  на местото на в.д. директорката  д-р Виолета Клисаровска. Нов медицински директор доби и Клиниката за неврологија, а тоа е екс-министер за здравство, Фатмир Меџити.

(В.Ма.)