Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја укина целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024 година, заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште.
Од ЈП „Нацинални шуми“ информираат дека укинувањето на забраната е на нивно барање од 17.09.2024 година. Оттаму додаваат дека за спроведување на укинувањето на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции.