Над 10.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година. Како што соопштија од Управата за јавни приходи, за јануари 2025 година, обврска за исплата на бруто-плата имале вкупно 70.322 работодавци за 550.001 вработено лице.
– Бидејќи законскиот рок, 15 февруари, се падна во сабота, земајќи ги уплатите до 14 февруари, МПИН- пресметките ги платиле 46.525 работодавци (66,2 %) за 468.490 вработени лица (85,2 %). Земајќи ги предвид и уплатите на 17 февруари, МПИН- пресметките ги платиле 52.384 работодавци (74,5 %) за 496.778 вработени лица (90,3 %). Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и по рокот 15 февруари. Така, согласно со последната состојба на МПИН-уплатите, а заклучно со 4.3.2025 година, за јануари 2025 година МПИН-пресметки поднеле и платиле вкупно 60.118 работодавци, или 85,5 % од работодавците, за 528.418 вработени, што е 96,1 % – велат од УЈП.
Инаку, заклучно со 4.3.2025 год., МПИН-пресметката не ја платиле 4.307 работодавци, што е 6,1 %, за 11.504 вработени лица, што е 2,1 % од вработените, додека 5.897 работодавци, односно 8,4 %, за 10.079 вработени лица (1,8 %) сè уште не поднеле МПИН-пресметка за јануари 2025 година.
– Бидејќи мерките за присилна наплата на УЈП се во тек, се очекува да продолжи наплатата на преостанатите долговни износи – децидни се од УЈП.
За јануари 2024 година, обврска за исплата на бруто-плата имале вкупно 70.020 работодавци за 469.343 вработени лица.
До законскиот рок, 15 февруари 2024 година, МПИН- пресметките ги платиле 47.795 работодавци (68,3 %) за 468.490 вработени лица (85,2 %).