УХМР со жолто предупредување: Од ноќва силен северен ветер!

83

Најава за силен ветер и жолто предупредување издаде Управата за хидрометеоролошки работи. До крајот на денот, во ноќните часови и во текот на утрешниот ден (19.02) ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 километри на час, се вели во објавата на УХМР.

Жолтиот аларм се однесува на североисточниот, источниот и на југоисточниот дел од Македонија.

УХМР најавува дека следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Во Скопје утрото ќе биде претежно облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

Од четврток утринските температури ќе се движат меѓу -3 и – 13, а дневните од -1 до 9 степени.

ИЗДВОЕНИ