УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Попладне пороен дожд и грмежи

200

Управа за хидрометеоролошки работи издаде актуелно предупредување во кое стои дека денес од крајот на денот и особено преку ноќта, од запад ќе се прошират врнежи од дожд повремено пообилни и проследени со грмежи.

Времето утре се очекува да биде променливо облачно и посвежо, а на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 30л/м2), силен ветер и град.

Во Скопје пак, ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.