Спектаклот во УФЦ што се одржа во Мексико, ги воодушеви љубителите на боречките вештини, а покрај врвните борби, публиката имаше можност да види и една необична и урнебесна сцена, која стана вирална на социјалните мрежи.
Главната борба на вечерта се водеше помеѓу поранешниот шампион, Брендон Морено, и австралискиот борец со хрватски корени, Стив Ерцег. По пет рунди доминација, Морено победи со едногласна одлука и веднаш по натпреварот побара да настапи на големиот настан „Noche UFC 320“, кој е предвиден за подоцна оваа година.
Сепак, ситуација од прелиминарниот дел на програмата го привлече вниманието на гледачите во светот, но и лавина коментари на социјалните мрежи. Во прашање е борбата меѓу Лупита Годинез и Јулија Поластри.
Канадско-мексиканската борачка Годинез го доби натпреварот со едногласна одлука, но она што ја обележа оваа борба се случи меѓу втората и третата рунда. Камерите ја фатија Годинез во аголот, одблиску, како изговара нешто што секој борач најмалку посакува да го почувствува во текот на борба.
- С**ње, морам да се*ам! – извикуваше Годинез додека тимот се обидуваше да ѝ го одвлече вниманието и да ја смири, велејќи ѝ дека и остануваат уште само пет минути и дека ќе помине сѐ.
Loopy Godinez had one of the scariest things that can ever happen to an MMA fighter happen tonight…
“HOLY S**T I NEED TO POOP!!!” 💩 #UFCMexico pic.twitter.com/dRIKs2qrDa
— FULL SEND MMA (@full_send_mma) March 30, 2025
Секако, оваа сцена набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи, а коментарите на навивачите, кои поради природата на содржината нема да ги објавуваме, ги преплавија објавите со видеото од ситуацијата.
За среќа, Годинез го заврши мечот без некои посериозни проблеми и покажа голем професионализам.