УФЦ борецот Шон О’Мајли неодамна откри значителни промени во неговиот животен стил додека се подготвува за неговиот реванш против Мераб Двалишвили на УФЦ 316, кој ќе се одржи на 7 јуни во Њу Џерси. Во интервју за подкастот „TimboSugarShow“ на почетокот на април, О’Мајли рече дека престанал да користи социјални мрежи и видеоигри, а воедно повеќе не пушел марихуана и се воздржувал од мастурбација.

  • Не сум мастурбирал ниту еднаш оваа година, 2025 година. Не сум бил на социјалните мрежи. Исто така, престанав да играм видеоигри. Спијам подобро, истакна 30-годишниот Шон.

О’Мајли верува дека овие промени значително ќе ги подобрат неговите борбени перформанси. Откако ја загуби титулата во бантам категорија од Двалишвили со едногласна одлука минатиот септември на УФЦ 306, О’Мајли беше опериран на колкот и се задржа на релативно повлечено. Сега тврди дека во реваншот ќе биде за 70 отсто подобар отколку во првата борба.

  • Ако можам да го одржам ова темпо на тренинзи како последните неколку недели пред борбата, ќе бидам 70 отсто подобар отколку што бев во првата борба. Ќе бидам значително помобилен, поагилен и во подобра форма. Ќе се борам со полн потенцијал, истакна О’Мајли, кој исто така откри дека имал повреда на препоните пред првата борба со Двалишвили.

Својот најголем успех го постигна победувајќи го Алјамен Стерлинг, освојувајќи ја титулата во бантам категорија. Еднаш успешно ја одбрани титулата против Марлон Вера пред да ја загуби од Мераб Двалишвили. Познат по својот неконвенционален начин на живот и шарена коса, О’Мајли е еден од најпопуларните борци во УФЦ, со голем број следбеници на социјалните мрежи, што сега реши да ги напушти како подготовка за враќање на врвот во категоријата. Досега има забележано 18 победи, два порази и едно реми.

ИЗДВОЕНИ